Над милијарда евра се вртат во енергетски бизнис во Македонија

Bez autora
Mar 17 2010

Просечно во Македонија за бизнисот со енергетика во една година се трошат повеќе од милијарда евра. Најголем дел од финансиските средства во овој бизнис се трошат на нафта и нафтени деривати. Пазарот на нафтата и нафтените деривати во државава се стабилизирани, но во останатите сектори поточно во енергетиката сеуште постојат ограничувачки регулативи. Талески истакна дека Македонија најмногу троши електрична енергија за греење, особено тоа е изразено во домаќинствата. Силна страна е тоа што Македонија има регулаторна комисија и е членка на Европската Заедница за енергетика, барем во овој сектор е дел од Европската Унија. Тој истакна дека голема грешка е што досега ниту една влада на Македонија се нема ангажирано за развој на енергетиката во државава.

Над милијарда евра се вртат во енергетски бизнис во МакедонијаПросечно во Македонија за бизнисот со енергетика во една година се трошат повеќе од милијарда евра.

Ова го потенцираше Кокан Димитров во својство на модератор на денешната тркалезна маса на тема „Реализација на енергетската политика - бариери и можности“.

„Најголем дел од финансиските средства во овој бизнис се трошат на нафта и нафтени деривати“, рече Рубин Талески.

Според него, пазарот на нафтата и нафтените деривати во државава се стабилизирани, но во останатите сектори поточно во енергетиката сеуште постојат ограничувачки регулативи.

Талески истакна дека Македонија најмногу троши електрична енергија за греење, особено тоа е изразено во домаќинствата.

Академикот, Глигор Каневче оцени дека иако Македонија нема производителна опрема сепак има потенцијал.

„Силна страна е тоа што Македонија има регулаторна комисија и е членка на Европската Заедница за енергетика, барем во овој сектор е дел од Европската Унија“, рече Каневче.

Тој истакна дека голема грешка е што досега ниту една влада на Македонија се нема ангажирано за развој на енергетиката во државава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik